Седум починати од западнонилска треска – осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема, велат од СДСМ


komarci-depositphotos_318535104_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, каде 5.000 граѓани завршија во болница и сè уште нема одговори, нема извештај за видата и нема кој е одговорен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Проблеми имаше и со четири реки и локални извори од кои граѓаните користат вода. Одговори нема, одговорност нема, реагираат од СДСМ.


Како што оценуваат, трагедијата со западно нилска треска продолжува да отвора сериозни прашања за институционални пропусти.

„Уште еден човечки живот е загубен, судум лица се починати досега.

Власта задоцни со реакција, задоцни со прскање против комарци, задоцни со преземање мерки. Одговорни нема.

За секој скандал – молк. За секое прашање – криење. За одговорност – никој надлежен“.

Од опозициската партија нагласуваат дека Мицкоски и неговите функционери должат одговори, а институциите должат постапување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK