(Видео) Две лица спасени живи од тунел девет дена по поплавите во Непал


de111f38-89b1-46c4-b2bc-5f54c95a25e2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица беа спасени од тунел за хидроцентрала утрово, девет дена по катастрофалните поплави што го погодија Непал, додека повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките екипи, со помош на повеќе од 500 инженери, сè уште трагаат по исчезнатите.


„Две лица се извлечени од тунел поврзан со хидроцентралата Горен Тришули 3А“, изјави член на непалскиот парламент. Властите се надеваат дека некои од приближно 900-те лица кои се водат како исчезнати во шест хидроцентрали преживеале, бидејќи се засолниле во тунелите или работеле во нив за време на поплавата.

Повеќе од 500 инженери и други експерти се приклучија на WhatsApp група за да им помогнат на спасувачките екипи во потрагата по исчезнати лица по катастрофалните поплави во долината на реката Тришула. Тие споделуваат планови за хидроелектрани и тунели и информации за нивните распореди за да им помогнат на спасувачите да пронајдат закопани влезови и да утврдат каде би можеле да бидат преживеаните.

Потрагата е отежната од фактот дека поплавата го променила теренот околу тунелите, донесувајќи големи количини кал, камења и друг материјал. Поплавата остави околу 2,2 милиони тони отпад во долината, а на некои места влезовите на тунелите се целосно закопани.

Во хидроцентралата Расувагади, спасувачите успеале да навлезат 250 метри во еден тунел пред да наидат на пречка, но потрагата продолжува. Во хидроцентралата Горен Тришули 3А, на спасувачите им биле потребни речиси шест дена за да стигнат до тунелот бидејќи влезот бил закопан и се обидувале да спроведат кислород во можните шуплини во тунелите, во случај да бидат заробени луѓе.

Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од уривањето на глечерот, а повеќе од 4.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати. Катастрофата уништи околу десет проценти од капацитетот за производство на електрична енергија во Непал.

Покрај плановите и техничките информации, членовите на инженерската група на WhatsApp ги разменуваат имињата и мобилните броеви на исчезнатите работници за да им помогнат на властите да ги пронајдат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK