Српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ го прославија првиот роденден на нивната ќерка Арија, и решија да го прослават посебниот ден со нејзиното крштевање. Арија беше крстена во храмот Свети Сава во Белград, пишува „Блиц“.
Кум на малата Арија е познатиот српски пејач Ацо Пејовиќ, долгогодишен пријател на семејството.
View this post on Instagram
За оваа посебна пригода, Александра избра елегантен бел фустан. Во бело се појави и Лепа Брена, маќеата на Филип Живојиновиќ, која ја надополни својата комбинација со шапка и очила за сонце.
Александра и Филип се во брак од 2018 година, а покрај едногодишната Арија, го имаат и синот Александар.
фото/инстаграм