Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8


sasko-klekovski-pres-septemvri.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.


„Со координирани напори со Институтот за трансфузиона медицина, МАЛМЕД и Институтот за јавно здравје, го разрешивме овој проблем кој досега беше заглавен во административни процедури и ја обезбедивме оваа донација. Факторот набрзо ќе биде достапен за пациентите и значително ќе ја подобри состојбата на оваа категорија пациенти“, посочи министерот Клековски.

Воедно, министерот упати благодарност и до здружението Хемолог за континуираниот придонес кон унапредување на третманот на пациентите со хемофилија, и додаде дека се прават напори пациентите со хемофилија да добијат регистар, како што се евидентираат пациентите со дијабетес и ретки болести.

Директорот Елези потенцираше дека сите пациенти со хемофилија се обезбедени со потребната терапија, а овие единици се наменети за пациенти кои имаат потреба од елективни хируршки интервенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK