Фудбалерот на Наполи, Џовани ди Лоренцо, го продолжи договорот со италијанскиот клуб до 2030 година.
„Честитки до капитенот“, се вели во соопштението на Наполи.
Ди Лоренцо (33) дојде во Наполи од Емполи во 2019 година, а оттогаш одигра вкупно 307 натпревари, постигна 20 гола и забележа 42 асистенции за клубот од Неапол.
Со Наполи освои две титули во Серија А, како и по еден трофеј во националниот куп и Суперкупот на Италија.
Италијанскиот десен бек минатата сезона одигра вкупно 35 натпревари, постигна два гола и забележа три асистенции.
Ди Лоренцо е исто така член на италијанската репрезентација, за која одигра вкупно 53 натпревари и постигна пет гола.
Foto/ Depositphotos