Меџити: Меморандум со Универзитетот „Мајка Тереза“, соработка за здравјето и развојот на децата


izet-medziti-chair-mg_6730.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, потпиша меморандум за соработка меѓу Општина Чаир и Универзитетот „Мајка Тереза“, со цел обединување на професионалната експертиза и институционалните капацитети во функција на здравјето и правилниот развој на децата.


Во рамки на платформата „Чаир во ритамот на здравјето“, во основните училишта во општината ќе се организираат предавања и стручни активности за учениците, со фокус на правилното држење на телото, правилното носење на училишната чанта и важноста на физичката активност за нивното здравје и развој.

„Сакаме грижата за здравјето на децата да започне пред да се појави проблемот. Покрај знаењето што го стекнуваат во училишните клупи, важно е децата да научат и како да се грижат за себе и за своето здравје додека растат. Преку соработката со Универзитетот ‘Мајка Тереза’, стручното знаење го носиме директно во нашите училишта, бидејќи најдобрата инвестиција во здравјето е онаа што се прави навреме“, изјави Меџити.

Преку оваа соработка, како што додаде, се цели кон зајакнување на едукацијата и свеста кај учениците за важноста на грижата за здравјето уште од најрана возраст, ставајќи ги превенцијата и благосостојбата на децата во центарот на активностите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK