Премиерот на владата Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, раководствата на железничките пртрпијатија „Транспорт“ и „Инфраструктура“ и нивни вработени, утрово, придружувани од медиуми, со Градскиот воз тргнаа од железничката станица во Зелениково кон Скопје.
Како што оцени, една година е прилично брз период за да се реализира овој проект.
„Можам од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа Централна железничка станица во центарот на Скопје, се навистина европски.
Дали со ова ги решаваме сите проблеми на светот коишто во суштина ги имаме? Нема да ги решиме, но дали е ова чекор напред? Да, е чекор напред во делот на решавање на дел од проблемите со кои што се соочуваме, посебно во транспортот и посебно во делот на заштитата на животната средина и загадувањето, имајќи предвид дека пред нас е и грејната сезона и предизвиците коишто доаѓаат со таа грејна сезона“.
Преку реализацијата на проектите додаде тој, се стекнува кредибилитет, а преку кредибилитет се менува и перцепцијата за самата држава и за системот којшто го управуваме како Влада.
Мицкоски посака уште многу проекти во следните денови.
Изрази благодарност до сите коишто беа вклучени во овој проект.
„Повторно ќе кажам, до потпретседателот на Влада и министер за транспорт, до заменикот-министер за транспорт, до сите вработени во Министерството за транспорт, до директорите во „Македонска железница, инфраструктура и транспорт“, до управните одбори, вработените во тие институции, градоначалникот на Град Скопје, градоначалниците од Градот Скопје, но и до градоначалникот од Зелениково кој е тука денеска со нас, кој исто така даваше несебична поддршка при реализација на овој проект.
Впрочем, и жителите на Општина Зелениково ќе бидат корисници на оваа линија и за многу кратко време од Зелениково ќе се стига во центарот на Скопје“.