Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека не е против предлогот замрзнатите руски средства да се користат за помош на Украина, но дека постојат правни сомнежи што мора да се решат.
Според него, европските претставници ја разгледале оваа опција и претходно и дошле до заклучок дека постојат проблеми од правна природа што го отежнуваат спроведувањето на тој план, објави агенцијата АНСА.
„Разговаравме неколку пати и одлуката не беше донесена, не поради политички причини, туку токму поради правни причини“, додаде тој.