(Фото) Никогаш не го направила ова претходно: Кејти Холмс ги сподели своите најинтимни моменти со нејзиното ново момче


8218282.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холивудската актерка Кејти Холмс конечно ја пронајде среќата во љубовта, со уметникот Џејсон Бард Јармоски, кој е десет години помлад од неа. Двојката не се крие пред јавноста веќе некое време, а според изворите, Кејти е посреќна од кога било.


За да им го докаже тоа на сите, убавата актерка објави фотографија посветена на своето ново момче, а поводот беше неговиот роденден.

„Среќен роденден на најдобриот од најдобрите“, напиша таа покрај две фотографии објавени на Инстаграм, тагирајќи го њујоршкиот уметник.

View this post on Instagram

A post shared by Katie Holmes (@katieholmes)

Кејти и Јармоски за прв пат беа видени заедно на 10 јули, кога беа фотографирани држејќи се за раце на проекцијата на филмот „The Invite“, во режија на Оливија Вајлд.

„Тој ѝ шепотеше на уво, а таа се смееше. Изгледаа многу опуштено заедно и таа имаше насмевка на лицето цела вечер“, изјави извор за People во тоа време.

Подоцна, извор близок до Холмс откри дека актерката и уметникот веднаш се зближиле за време на вечера, по што почнале да се гледаат.

Со оваа објава, Кејти само дополнително потврди дека е повторно среќна и, што е најважно, целиот пекол низ кој помина поради бракот со Том Круз, конечно е зад неа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK