Челзи и Манчестер Сити постигнаа договор во врска со трансферот на Енцо Фернандез, тврди францускиот весник „Лекип“.
Аргентинскиот играч за врска ќе ја продолжи кариерата на „Етихад“, а за неговиот трансфер Манчестер Сити, според овој извор, ќе плати дури 140 милиони евра без бонуси.
Фернандез е во центарот на голема трансфер сага во последните денови, а сè повеќе информации укажуваат дека сака да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и да се пресели во Манчестер.
Челзи долго време инсистираше на многу висока компензација за својот играч за врска, но и Сити очигледно беше подготвен да ги исполни барањата на лондонскиот клуб.
Според „Лекип“, сè е решено меѓу клубовите и останува само уште трансферот да биде заклучен.
Кога тоа ќе се случи, трансферот на Енцо ќе биде вториот најскап во историјата на Премиер лигата и четвртиот најскап во историјата на фудбалот.
Најскапите трансфери во историјата:
1. Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра
2. Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони евра
3. Александар Исак од Њукасл во Ливерпул за 145 милиони евра
4. Морган Роџерс од Астон Вила во Челзи за 137 милиони евра
5. Елиот Андерсон од Нотингем во Манчестер Сити за 135 милиони евра
6. Жоао Феликс од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра
7. Јан Диоманде од Лајпциг во Реал за 125 милиони евра
8. Бредли Баркола од ПСЖ во Ливерпул за 125 милиони евра
9. Антоан Гризман од Атлетико во Барселона за 120 милиони евра
10. Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 118 милиони евра.
Foto/ Depositphotos