Денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа 19-годишниот Б.И. и 13-годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.08.2026 околу 22:00 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и 19-годишниот И.З., 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна, при што 13-годишникот кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна.
19-годишниот И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда.
Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.