Доколку сакате да имате прекрасна фризура дури и на високи температури, оваа пунџа е вистинскиот избор за вас.
Кога станува збор за високи температури, на жените им е тешко да создадат фризура која ќе биде убава и практична во исто време.
Сепак, еден корисник на Инстаграм успеа да го реши овој проблем и објави видео со детални упатства за создавање на оваа фризура.
Станува збор за проверена пунџа, но на малку поинаков начин. Изгледа толку убаво што може да се прави за сите пригоди, дури и ако одите на свадба, крштевка, роденден или која било друга прослава.
За да ја создадете, потребни ви се неколку тенки ластичиња за коса и само една шнола.
View this post on Instagram