(Видео) Пожари во Алжир одзедоа 12 животи: властите велат дека некои биле намерно подметнати


pozar-suma-depositphotos_219809438_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожари во Алжир, објави доцна синоќа алжирскиот министер за внатрешни работи Саид Сајуд. Пет лица загинаа во покраината Џиџел, четири во Беџаја и три во Тизи Узу, објави локалното радио.


69 пожари сè уште се активни
Според податоците на цивилната заштита, 69 пожари сè уште беа активни во Алжир до 20 часот по локално време синоќа, од кои 18 беа во Беџаја. Пожарите затворија три национални патишта што ги поврзуваат источните делови на земјата. Северот на Алжир е погоден од шумски пожари секое лето, кои дополнително се влошуваат од честите суши и екстремната топлина. Силните ветрови го отежнаа гаснењето на пожарите во последните денови, според Франс Прес.

Властите се сомневаат дека некои од пожарите се подметнати
Во последните години, пожарите во Алжир одзедоа десетици животи и уништија илјадници хектари шуми и земјоделско земјиште, како и бројни станбени згради. Властите објавија дека некои од пожарите се подметнати и ги објавија апсењата на осомничените.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK