Романсата со маж 20 години постар од неа промени сè: „Ова е подобро од сè што сум доживеала досега“


gigi-hadid-depositphotos_268237672_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Моделот Џиџи Хадид (31) е во врска со холивудската ѕвезда Бредли Купер (51) од 2023 година, но ја криеше својата романса од очите на јавноста, дури одбивајќи да прошета по црвениот тепих со актерот. Иако неодамна се појавија гласини дека ќе се венчаат, тоа не изгледа дека е вистина.


Во ново интервју за „Вог Франс“, Џиџи отворено зборуваше за својот „мирен“ живот со Бредли, објавува „Дејли меил“.

Позирајќи за впечатлив едиторијал на насловната страница, во кој носи избелени веѓи и црн чипкан фустан од Сен Лоран, Џиџи рече дека една од најголемите предности на нивната врска е тоа што Бредли ја поддржува нејзината кариера.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue France (@voguefrance)

„Не мора да ги разбираме сите предизвици со кои се соочува другата личност поради својата работа, но најважно е да имате некој што ве поддржува – и ви помага да останете приземјени“, рече моделот.

Потоа Џиџи откри колку е важна искреноста во нивната врска.

„Она што е убаво во мојата сегашна врска и што е толку различно од сè што сум доживеала претходно, е способноста да бидам длабоко искрена. Да кажеме што мислиме, кога го мислиме тоа.“

Двојката моментално ужива во заедничкиот живот во Париз, додека Бредли е зафатен со снимање филм, и како што вели убавата манекенка, таа ужива толку многу што може да замисли дека ќе живее во француската престолнина засекогаш.

View this post on Instagram

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

„Долго време, Париз беше град во кој доаѓав поради работа. Ќе слетав таму, ќе брзав до хотел каде што ме чекаа дваесет фотографи, пешачењето не доаѓаше предвид, а потоа ќе возев до студио без прозорци. Но, неодамна, благодарение на моето момче кое ја сака Франција и зборува француски, открив сосема поинаков Париз, кој го обожавам. Па, еден ден, зошто да не, би можела да се сместам таму“, беше искрена Џиџи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK