Скопје, 26 август 2026 година – Набавувањето нов телефон треба да биде возбудливо, но пренесувањето податоци од постоечкиот уред понекогаш може да биде макотрпно. За корисниците кои преминуваат од iOS на Galaxy, можноста лесно да ги пренесат постоечките податоци и поставки е важен дел од искуството.
Smart Switch е апликацијата на „Samsung“ за пренос на податоци[1] која им овозможува на корисниците лесно да префрлат контакти, фотографии, видеа, пораки, апликации, поставки и друго, од уред со Android или iOS оперативен систем на нов Galaxy уред. Со One UI 9 на новата серија Galaxy Z од осмата генерација, Smart Switch го прави преминот од еден на друг уред полесно и поглатко од порано. Исто така, подобрена е и функцијата Quick Share, со што се олеснува споделувањето датотеки со пријатели, семејството и колегите кои користат различни платформи.

Започнете да префрлате само со скенирање на QR код
Со One UI 9, корисниците повеќе не треба да ја инсталираат апликацијата Smart Switch одделно, на нивниот iOS уред. Со едноставно скенирање на QR-кодот прикажан на нивниот нов Galaxy, тие можат да започнат со пренос на податоци преку Smart Switch.
Унапредената Smart Switch апликација исто така го олеснува безжичното поврзување. Двата уреди можат да се поврзат без корисниците да треба да го најдат соодветниот кабел или адаптер пред да го постават нивниот нов телефон.
Понесете повеќе од вашиот телефон со вас
Со One UI 9, Smart Switch ги прошири типовите на податоци што можат да се префрлат од iOS уреди на Galaxy. Покрај претходно поддржаните податоци како што се фотографии, пораки, контакти, календари и апликации, корисниците можат да префрлат и лозинки и клучеви за пристап, историја на повици, поставки за пристапност и информации за eSIM.
Овие податоци и датотеки можеби се помалку видливи од библиотеката со фотографии, но можат да направат голема разлика во тоа колку брзо новиот уред ќе биде подготвен за употреба. Зачуваната лозинка значи една сметка помалку што треба повторно да се постави. Пренесувањето на поставките за пристапност може да ја намали потребата за повторно создавање персонализирано искуство. Може да се пренесат и информациите за eSIM, со што се олеснува продолжувањето со користење на постоечката мобилна поставка.
https://www.youtube.com/watch?v=z6zE2nY3s8A
Доживејте го Galaxy попознато
Без разлика дали преминуваат на Galaxy Z Fold8 Ultra, Z Fold8 или Z Flip8, корисниците можат од самиот почеток да направат својот нов уред да се доживува познато. Покрај пренесувањето податоци, тие можат да ги приспособат клучните поставки како што се гестовите со повлекување (Swipe) и распоредот на почетниот екран, за да одговараат на начинот на кој го користат својот телефон. Со апликацијата за приспособување на корисничкиот интерфејс, Good Lock, корисниците можат да ги персонализираат и почетниот екран, префрлањето апликации и многу повеќе, што им дава поголема слобода да го користат Galaxy на начинот што најмногу им одговара.
За оние што преминуваат од iOS на Galaxy, овие опции можат да помогнат да се рекреираат познатите начини на навигација и организирање од претходниот паметен телефон, со што се намалува периодот на прилагодување што може да дојде со преминувањето во нова средина. Ова им помага на корисниците да се навикнат на нивниот нов Galaxy поудобно и поприродно од самиот почеток.

Продолжете со споделување по префрлувањето
Промената на паметниот телефон не значи дека и сите околу корисникот ќе го променат својот.
Пријателите, семејството и колегите може да продолжат да користат различни уреди, што го прави споделувањето помеѓу различни платформи важен дел од искуството долго откако ќе заврши поставувањето. Уредите со One UI 9 и One UI 8.5 може да имаат корист од подобреното искуство за споделување помеѓу уреди[2] со Quick Share. Со компатибилноста со AirDrop, Quick Share го олеснува споделувањето датотеки помеѓу уредите со Galaxy и iOS.
Изборот на нов паметен телефон треба да се заснова на искуството што луѓето го сакаат следно. Со поедноставување на процесот на префрлување, проширување на содржините што можат да се пренесат и олеснување на континуираното споделување потоа, „Samsung“ ги намалува практичните бариери меѓу екосистемите на паметните телефони.
Резултатот е поедноставен начин за префрлање на Galaxy, при што се пренесуваат и сите работи што веќе се важни.
[1] Преносливите податоци може да варираат во зависност од оперативниот систем на уредот (Android или iOS), верзијата на оперативниот систем и методот на поврзување. Преносот на податоци од iOS уред на Galaxy уред со користење на надградениот метод е достапен на уреди со Android 17 или понова верзија и iOS 26.6 или понова верзија во региони надвор од континентална Кина.
[2] Функцијата “Сподели со iOS уреди” (“Share with iOS devices“) моментално е поддржана најпрво на одбрани водечки модели, вклучувајќи ги Galaxy Z Fold8 Ultra, Galaxy Z Fold8, Galaxy Z Flip8 и Galaxy S26, а поддршката е планирано да се прошири и на други модели во иднина.