(Видео) „Цените се до плафон“: СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%


natasa-popovic.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Цените на горивата се до плафон, од вчера дизелот е над 100 денари за литар. Ова е нов удар врз стандардот на граѓаните кои чекаат мерки, но Владата на Мицкоски не презема ништо. Нема намалување на ДДВ. Нема намалување на акцизата. Нема мерки за заштита на стандардот“, кажа Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ.


„Дури Мицкоски кажа дека нема намера да го намали ДДВ за горивата. Граѓаните во Македонија со најниски плати сега ќе плаќаат литар дизел над 100 денари. Само за шест месеци цената на дизелот порасна за 43%.

Резервоар од 50 литри сега ги чини граѓаните над 1.500 денари повеќе од пред шест месеци. Но ударот не завршува на бензинските пумпи. Поскапото гориво значи поскап транспорт, поскапо производство, поголеми трошоци за земјоделците и нов раст на цените на храната.

Половина од семејниот буџет на македонските граѓани веќе оди за храна и пијалаци, потрошувачката кошничка е речиси 70.000 денари, а платите стагнираат. Секој нов денар на лебот, млекото, зеленчукот и овошјето директно удира врз семејната трпеза. Животниот стандард на граѓаните се намалува, а Владата не презема ништо.

Кој профитира на грбот на граѓаните кои ја плаќаат цената за неспособноста на Мицкоски.

СДСМ бара:

Намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 5%,

Намалување на акцизата за 50%.

Овие две мерки ќе имаат директен ефект врз намалување на цените на сите горива, намалување на потрошувачката кошничка и вкупното ниво на цените. Ајде барем еднаш прифатете нешто добро за граѓаните“, побара Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.