Ова се сите познати учесници во Лигата на шампионите, вечерва ќе биде комплетирана листата


depositphotos_33525711_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Познати се 32 од вкупно 36 учесници во финалната фаза од Лигата на шампионите. За потсетување 29 се квалификуваа директно, плус три клуба кои го заработија тоа право синоќа преку плејофот. Листата ќе биде комплетирана во среда навечер, а ждрепката ќе се одржи во четврток, во „Фрималди Форум“ во Монако. Пари Сен Жермен ја брани титулата европски шампион од претходната сезона. Французите ја освојуваат Лигата на шампионите во последните две години.


Во тек се последните битки за пласман во главната фаза од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27.

Додека се чекаат конечните резултати од вечерашните реванши, познати се 29 сигурни тимови кои директно обезбедија место во новиот формат на натпреварувањето, додека уште три клуба им се придружија синиќа: норвешки Боде/Глимт и клубовите дебитанти Сабах Баку од Азербејџан и австриски ЛАСК од Линц.

Вкупно 36 клуба ќе учествуваат во главната фаза од Лигата на шампионите/лигата. Следните тимови се квалификуваа директно:

Англија (5): Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила, Ливерпул

Шпанија (5): Барселона, Реал Мадрид, Виљареал, Атлетико Мадрид, Бетис

Италија (4): Интер, Наполи, Рома, Комо

Германија (4): Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг, Штутгарт

Франција (3): Пари Сен Жермен, Ланс, Лил

Холандија (2): ПСВ Ајндховен, Феенорд

Португалија (2): Порто, Спортинг Лисабон

Белгија (1): Клуб Бриж

Чешка (1): Славија Прага

Турција (1): Галатасарај

Украина (1): Шахтјор Донецк

Споменатите Боде/Глимт (Норвешка), Сабах Баку (Азербејџан) и ЛАСК Линц (Австрија) им се придружија преку плејофот.

Во среда играат:

АЕК (Грција) – Левски (Бугарија), Целје (Словенија) – Слован Братислава (Словачка), Олимпик Лион (Франција) – Фенербахче (Турција) и Викинг (Норвешка) – Динамо Загреб (Хрватска).

Пари Сен Жермен ја брани титулата европски шампион од претходната сезона. Французите ја освојуваа Лигата на шампионите во последните две години.

Домаќин на финалето ќе биде стадионот „Метрополитано“ во Мадрид (дом на Атлетико Мадрид).

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK