СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ


sdsm-zname.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ, велат од СДСМ.


„Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ – бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не „преговара“, што не е ни чудо што не му оди. Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се речиси цело раководство), шеф на организираната криминална група, сега не може да им каже на своите гласачи дека сè било лага. Не може да им каже дека нема подобри услови, дека нема гаранции, дека нема „половични”- членства со Вучиќ, дека нема ништо од тоа. Не може да им го каже тоа, но веќе и не мора – денес тоа им е јасно на сите. Сега се обидува да протурка нова теза. Нема ЕУ – вели Мицкоски, премногу им дадовме, а не добивме ништо“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Мицкоски воопшто не спомнува дека не ги завршил реформите што ги ветил уште во јуни, со пролонгирањето од една година што го доби минатата година.

„Што вели Мицкоски? Вели дека би бил пресреќен за воведување уште построги визи за македонските граѓани – затоа што не очекува укинување на сегашните, каде што сме на листата на трети земји… туку вели дека ќе има уште поцврсти врски и соработка. Но што сака всушност да објасни? Дека ѝ врти грб на ЕУ, ја оддалечува земјата и го блокира европскиот пат. Мицкоски сака да каже дека Македонија, наместо во ЕУ, треба да биде во релација само со САД, нашиот најважен стратешки партнер. Некој треба да му објасни на Мицкоски дека оваа приказна за спинување на блокирањето на ЕУ-патот и целосна изолација на земјата не поминува со оваа теза“, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека членството во ЕУ и стратешкото партнерство со Америка меѓусебно не се условуваат, напротив, се надополнуваат и создаваат синергија во интерес на Македонија, регионот и пошироката европска безбедност.

„Стратешките партнерства се компатибилни. Ако го напушташ европскиот пат тоа значи и напуштање и стратешкото партнерство со САД. На Македонија ѝ е местото во ЕУ, со стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и така треба да остане. На сите денес им е јасно дека стравот од независното европско обвинителство кај Мицкоски е голем колку Америка“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK