(Фото) Една од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги „полуде“ луѓето


ivanka-tramp-depositphotos_268196262_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иванка Трамп и нејзиното семејство заминаа на нов одмор, каде што уживаат во своето омилено хоби, а снимките молскавично се проширија низ социјалните мрежи.


Иванка Трамп (44), ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, покрај тоа што привлекува внимание со својот изглед, неодамна фасцинира и со своите спортски вештини.

Се чини дека е некој што го сака адреналинот, бидејќи ова лето го поминува претежно сурфајќи, а својот талент го покажа на семеен одмор во Костарика, каде што често оди. Претходно одмараше на Исланд, а сега се чини дека дојде време за нови авантури на потоплите места.

Иванка ги искористи брановите и ги покажа своите вештини на даска, а воедно се забавуваше одлично со својот инструктор. Носеше горен дел од нуркачко одело и црн долен дел од костим за капење, а косата ѝ беше фатена.

Беше фотографирана додека се снаоѓаше одлично на брановите, одржувајќи рамнотежа, но и кога падна од даската. Тоа не ја спречи да се обиде повторно…

View this post on Instagram

A post shared by TMZ (@tmztv)

Странските медиуми објавуваат дека Иванка е на одмор со својот сопруг Џаред Кушнер и нивните три деца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK