Фудбалскиот клуб Тотенхем денес потврди дека потпишал договор со поранешниот играч на Манчестер Сити, Савињо.
Според британските медиуми, трансферот е вреден 75 милиони фунти, со дополнителни десет милиони фунти во бонуси.
Sávio is Spurs 🇧🇷 pic.twitter.com/5n24JoUHLU
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) August 25, 2026
Савињо пристигнува во Тотенхем по две сезони поминати во Сити, со кого ја освои Лигата и ФА Купот. Тој одигра 84 натпревари за Сити и забележа седум гола и 16 асистенции.
Би-Би-Си потсети дека овој трансфер бил во тек повеќе од 12 месеци, откако Тотенхем не успеа да го потпише минатото лето.
Овој 22-годишен Бразилец ја започна својата кариера во Атлетико Минеиро, а потоа се пресели во Троа во 2022 година, како позајмен играч настапуваше за ПСВ Ајндховен и Џирона.
Foto/ Depositphotos