Петмина фудбалери би можеле да ја напуштат Барселона до крајот на преодниот рок. До крајот на летниот трансфер период остана уште една недела.
Најзвучно има на трансфер листата е Френки Де Јонг. Изненадувачки, шпанските медиуми тврдат дека по доаѓањето на Родри, за Холанѓанецот повеќе нема место во Барселона.
За ваквиот развој на настаните придонесоа и честите повреди на репрезентативецот на Холандија. Според информациите од Барселона, нејасно е само дали Де Јонг ќе биде ставен на продажба или клубот ќе го испрати на позајмица.
Исто така, се повеќе се шпекулира за заминувањето на Жил Кунде и Алехандро Балде. И двајцата фудбалери имаат понуди од Англија, а заминувањето на Балде е извесно, голем интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.
Листата завршува со имињата Марк Касадо и Хектор Форт. Речиси е сигурно дека ќе го напуштат клубот и останува да се види каде би можеле да завршат.
За Касадо интерес има од Саудиска Арабија, додека Форт се поврзува со Борусија Дортмунд.
Foto/ Depositphotos