Сообраќајка во Аеродром: тешко повреден мотоциклист


motor-soobrakajka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера околу 20:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од булеварот „АСНОМ“ и сервисните улици кои водат кон хотел Хилтон во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишната В.М. од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.М.(26) од Скопје и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(40) од село Љубин, скопско.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди возачот на патничкото возило „пежо“ В.М. и сопатничката од патничкото возило „фиат“ И.Ц.(38) од Скопје, констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ и во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK