Загина 42-годишник од Битолско: изгубил контрола врз мопедот и излетал надвор од коловозот


35E2k-.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 20:30 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат село Меџитлија – село Старавина, 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци, битолско управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.


Од здобиените повреди Д.Ј. починал на местото, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK