Утрово селата Бонче, Подмол и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп и доброволните пожарникари од Битола ангажирани преку ДЗС, тешка ноќ имавме сите ние коишто се наоѓавме во самото село Лопатица коешто синоќа беше загрозено од пламените јазици, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
„Пожарната линија којашто беше видлива од регионалниот пат Прилеп – Битола е целосно изгасната, активен е само еден крак, високо над селото Бонче“, изјави Ангелов.
Тој додаде дека го плаши покачувањето на температурите околу пладне, кога постои можност повторно да биде реактивиран пожарот, но кажа дека ќе се внимава доколку дојде до активирање на огнената линија, истата да биде изгасната.
Пожарот од мариовската страна е исто така изгаснат, извести Ангелов.