Вистински лидер – Дончиќ ги собра Лејкерси во Словенија


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготвил и посебна програма надвор од кошаркарскиот терен.

Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал приватен авионски лет за 14 лица, додека по пристигнувањето играчите добиле пакети со подароци со словенечки производи.


„Езерџиите“ пристигнаа во Љубљана овој четврток, каде што ќе останат до 24 август, а целта е тимот да почне да гради хемија пред сезоната 2026/2027.

Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги води своите соиграчи во еден од неговите омилени ресторани, а планирано е и патување до Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности. Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ.

Дојдоа 16 од неговите 17 соиграчи, меѓу кои се Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс.

Сандро Мамукелашвили треба да се приклучи на тимот одделно бидејќи моментално е во Грузија. Единствениот кој нема да биде во Словенија е новодојдениот Кем Кар, но не по негова сопствена одлука.

Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА ориентација за дебитантите во Соединетите Американски Држави.

Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерси во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK