Општина Бутел продолжува со интензивни градежни активности во населбата Скопје Север, каде во тек е изградба на нови пристапни и пешачки патеки, како и уредување на нов паркинг простор, информираат од општината.
Со реализацијата на овие активности, како што оценуваат, се создаваат побезбедни, поуредни и полесно достапни простори за граѓаните и се подобрува инфраструктурата во овој дел од општината.
Во рамки на градежните активности се реконструираат пристапните влезови на станбените згради на улиците Боро Менков, Лазо Москов, Гоце Стојчевски и Костурска.
„Градежната офанзива на Општина Бутел продолжува со силна динамика, со цел обезбедување еднаков и рамномерен развој на сите населени места и создавање подобра и пофункционална општина за сите граѓани“.