Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп


pozhar.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.


Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.

-Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка – посочуваат од Министерството.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK