Нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, велат од Министерството за здравство


bolnica-depositphotos_10896568_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје.


Ова го потврди директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана на денешната прес-конференција во Министерство за здравство, како и одговорните лица од Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје, кои исто така, информираа дека досега не се регистрирани вакви случаи.

„Министерството продолжува активно да ја следи состојбата и навремено ќе информираме за сите релевантни податоци.

Воедно, апелираме за точно вистинито и објективно информирање , како и проверка на сите факти пред објавување информации, кои ја засегаат јавноста“, велат од МЗ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK