Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез


ronaldo-i-georgina-epa-7431494.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на граѓанска церемонија на 11 август во Кашкаиш, Португалија.


Според официјалното соопштение, свадбата била приватна и интимна, а на церемонијата присуствувале нивните пет деца.

Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија од нивните раце со венчални прстени и краткиот опис „C❤️G“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Венчавката се одржала точно една година по свршувачката. Георгина на 11 август 2025 година објави фотографија со голем дијамантски прстен и напиша: „Да, сакам. Во овој и во сите мои животи.“

Роналдо и Георгина се запознале во 2017 година, кога таа работела како продавачка во продавницата на „Гучи“. Роналдо подоцна изјавил дека на почетокот не очекувал врската да стане толку сериозна, но брзо се вљубил и сфатил дека Георгина е „жената на неговиот живот“.

Во интервју во декември 2025 година, Георгина открила дека била изненадена од ненадејната свршувачка. За големиот дијамантски прстен се пошегувала: „Тоа е најмалку што можеше да ми понуди по 10 години чекање.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK