Аркин Јахији кандидат за градоначалник на Брвеница од ДУИ


glasanje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Демократската унија за интеграција на изборите за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији.


„Со Аркин целиме кон поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за секое населено место и за секој граѓанин. Заедно, со поддршка од граѓаните, ќе работиме за подобра иднина на Брвеница. Веруваме дека Брвеница има голем потенцијал и заслужува раководство кое ги познава потребите на граѓаните и секојдневно работи на нивно решавање. Аркин Јахији ќе биде гласот на секој граѓанин и партнер на секој што сака да придонесе за развојот и благосостојбата на општината“, велат од ДУИ.

Во Општина Брвеница на 18 октомври ќе се одржат предвремени избори за градоначалник. Изборите се распишани затоа што поранешниот градоначалник Јовица Илиевски почина.

Илиевски беше кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и победи на локалните избори во Брвеница во вториот круг, одржан на 2 ноември 2025 година, во тесна трка со кандидатот на Вреди, Хахим Рамадани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK