Маж и две жени уапсени за пукањето со автоматска пушка во Тетово


lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата уапси три лица за пукањето со автоматска пушка во куќа во Тетово, што се случи во саботата, 8 август.


Според информациите на МВР, вчера во 14:45 часот на патот Тетово–село Селце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Џ.(34) од Селце поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Имено, тој се сомничи дека на 8 август, околу 04:20 часот од мопед со кој се движел испукал повеќе куршуми од автоматска пушка кон семејната куќа на Ш.Б.(48), по што избегал.

Во врска со настанот, вчера вечер полицијата извршила претрес во домот и помошните простории на Д.С.(44) во Тетово. При претресот се пронајдени и одземени 66 патрони ловечка муниција калибар 12 мм, две кациги, две камери за видео-надзор и мемориска картичка, а поради сомнение за сторено кривично дело „помагање“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ уапсена е и Ф.С.(58) од Тетово.

Исто така, во врска со настанот, во полиција сама се пријавила Ф.С.(31) од Тетово.

Тројцата се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK