„Погрешив, но не заслужив јавен линч“ – исповед на жената од аферата на концертот на „Колдплеј“


0076281d-48dc-4167-8a65-7915b5780a79.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Жената која минатата година беше снимена во прегратка со својот шеф на концерт на британската група „Колдплеј“ првпат јавно проговори за тоа како виралната снимка ѝ го променила животот. Снимката од таканаречената „kiss cam“ камера во јули 2025 година молскавично се прошири на интернет, а Кристин Кабот и тогашниот директор Енди Бајрон преку ноќ станаа познати како „парот од концертот на Колдплеј“.


Кабот и Бајрон биле на концертот во рамки на турнејата Music of the Spheres кога камерата ги издвои меѓу публиката. Ситуацијата дополнително ја искоментира фронтменот на групата, Крис Мартин.

„О, погледнете ги овие двајца. Или имаат афера или се само многу срамежливи“, рече Мартин пред бројната публика. Додека Кабот и Бајрон се обидуваа да се сокријат од камерата, тој додаде: „Упс! Се надевам дека не направивме нешто погрешно.“

Набргу потоа беше откриено дека Бајрон е оженет извршен директор на њујоршката технолошка компанија „Астрономер“, додека Кабот работела во секторот за човечки ресурси во истата компанија. Иако во тој период била во постапка на развод, на концертот бил присутен и нејзиниот сопруг, но во друг дел од стадионот.

Една година подоцна, во интервју за The Boston Globe, Кабот откри дека по скандалот ја напуштила компанијата. Мајката на две деца сè уште нема нова работа, а денес е посветена на помош на жртви на интернет-насилство.

„Сè уште се обидувам повторно да се составам, но оди на подобро“, изјави таа.

Денес соработува со непрофитната организација Pirth.org, која им дава поддршка на жртви на интернет-злоупотреба.

„Имам чувство дека се повлеков во себе, а тоа не сум јас. Но ќе се вратам“, порача Кабот.

Енди Бајрон никогаш јавно не го коментираше целиот случај. И тој по аферата ја напушти компанијата „Астрономер“, а по концертот неколкупати беше виден со сопругата, и покрај шпекулациите дека нивниот брак е пред распад. Кабот тврди дека денес повеќе не се во контакт.

Во последните месеци Кабот зборуваше за случајот и во неколку интервјуа, меѓу кои и во поткастот на Опра Винфри, каде што се осврна на навредите и нападите што ги доживеала на социјалните мрежи.

Таа признава дека направила грешка, но смета дека реакцијата на јавноста била непропорционална.

„Преземам одговорност за лошата одлука што ја донесов тогаш и за неа платив незамисливо висока цена“, рече Кабот.

Во разговорот за The Boston Globe додаде:

„Направив лоша одлука. Не го негирам тоа и не се обидувам да се оправдам. Но мислам дека поради една грешка не заслужувате јавноста да ве распне.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK