(Фото) Претрес во Кондово, пронајдени револвер и ловна пушка – лишено од слобода едно лице


Policija-apsenje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата лиши од слобода 35-годишен жител на скопско Кондово, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени револвер и ловна пушка.


Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска во 08:00 часот во село Кондово, општина Сарај, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.А.(35).

При претресот на неговиот дом и помошни простории, биле пронајдени и одземени револвер и ловна пушка.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK