Третата суштинска порака на rебалансот е дека економскиот развој мора да оди заедно со заштитата на животниот стандард и со подобри јавни услуги.
Социјалните трансфери се зголемуваат за 2 милијарди и 234 милиони денари.
Тоа се средства поврзани со социјалните надоместоци, здравствената заштита и обврските кон граѓаните кои не смеат да зависат од дневната политика.
Функцијата социјална заштита расте за околу 1 милијарда и 838 милиони денари, нагласи Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што оцени, средствата за здравството се зголемуваат за околу 1 милијарда и 811 милиони денари, а за образование за повеќе од 1 милијарда денари.
Тоа, според него значи поголема поддршка за здравствените услуги, опрема и објекти, за училиштата, средното и високото образование, како и за ученичкиот и студентскиот стандард.
Потенцира дека субвенциите и трансферите растат за 3 милијарди и 94 милиони денари.
Како што појасни значаен дел од овие средства се насочува кон земјоделството, железничкиот сообраќај, породилното боледување, МОЈ ДДВ и поддршката за учениците и студентите.
„Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството добива дополнителни 1 милијарда и 331 милион денари.
Министерството за земјоделство добива речиси 300 милиони денари повеќе, со засилување на средствата за водостопанство и стабилност на земјоделското производство.
Платите и надоместоците во јавниот сектор се зголемуваат за 1 милијарда и 128 милиони денари, пред се за исполнување на колективните договори и законските обврски.
Ова не се апстрактни ставки.
Зад нив се пензионери, семејства, земјоделци, здравствени работници, наставници, ученици и студенти.
Зад секоја бројка стои конкретна потреба и конкретна одговорност на државата.
Овој Ребаланс има јасна човечка димензија.
Тој не ги гледа граѓаните само како даночни обврзници, туку како луѓе на кои им се потребни функционално здравство, квалитетно образование, сигурна социјална заштита и поддршка за нивната работа“.
Развојот, како што рече, не се мери само во километри пат. Се мери и во сигурноста на семејствата, можностите на младите и достоинството на секој човек.