· Извршниот директор на Audi, Гернот Долнер: „Audi Q9 е новиот предводник на гамата на Audi. Со нашиот прв голем SUV од full-size сегментот, дополнително ја зацврстуваме премиум позиционираноста на нашиот бренд.“
· Новиот full-size SUV импресионира со неспоредливо чувство на простор; премиум материјалите, индивидуалните електрично прилагодливи седишта во вториот ред и автоматските врати ја нагласуваат атмосферата на бизнис-класа.
· Новиот предводник меѓу SUV моделите претставува техничка извонредност со сеопфатни системи за асистенција на возачот, најголемиот панорамски покрив на Audi и закривените дигитални OLED задни светла.
Со својот досега најголем SUV, Audi за првпат ја воведува ознаката 9 и стратешки го проширува врвот на својата моделска гама. Новиот Audi Q9 ги обединува пространоста, прецизната динамика и технолошките иновации во едно возило. Меѓу главните карактеристики се дигиталните OLED задни светла од трета генерација со закривен дизајн, индивидуалните електрично прилагодливи седишта во вториот ред, автоматските врати, адаптивниот систем за асистенција при возење, plus, со можност за возење без раце и најголемиот панорамски покрив досега вграден во модел на Audi. Софистицираната суспензија и quattro погонот на сите тркала, во комбинација со високоефикасните погонски единици, обезбедуваат извонредни перформанси и стабилност на речиси секоја подлога.
„Во иднина, ‘Vorsprung durch Technik’ сè повеќе ќе се дефинира преку искуството во внатрешноста на возилото – затоа што автомобилите се многу повеќе од само превозно средство. За многу наши клиенти, тие стануваат мобилни животни простори“, изјави извршниот директор на Audi, Гернот Долнер. „Токму тоа го претставува Audi Q9 како нов предводник на нашата моделска гама. Премиум материјалите, индивидуалните електрично прилагодливи седишта во вториот ред и автоматските врати ја нагласуваат нашата посветеност на квалитетот во ентериерот. Во комбинација со најновите системи за асистенција на возачот и целокупното корисничко искуство, јасно е во која насока го развиваме брендот Audi.“
Ентериерот на новиот Q9, изработен со премиум материјали и опремен со впечатливи карактеристики, ја потврдува посветеноста на Audi кон квалитетот. Две варијанти на ентериер со различни пакети на опрема им нудат на клиентите бројни можности за персонализација. Новиот Q9 стандардно располага со седум седишта. Големите семејства ќе ја ценат можноста сите три седишта во вториот ред да бидат опремени со точки за прицврстување на детски седишта. Како опција, Q9 е достапен и со шест седишта, што овозможува повеќе простор и атмосфера на бизнис-класа. Сите шест седишта се делумно електрично прилагодливи и можат да бидат опремени со функција за греење. Посебен акцент се двете индивидуални електрично прилагодливи седишта во вториот ред. Во третиот ред, секој потпирач може поединечно да се преклопи со притискање на копче. Во првиот ред, спортските седишта plus дополнително нудат функции за вентилација и масажа.
За првпат, автоматските врати овозможуваат уште поголема удобност при влегување и излегување од возилото. Напредните сензори околу возилото обезбедуваат заштита од судири – системот за детекција на пречки го запира отворањето доколку вратата не може целосно да се отвори. Електричниот механизам за меко затворање обезбедува тивко и нежно затворање на вратите. Автоматските врати можат практично да се отвораат и затвораат од повеќе контролни точки, како и далечински преку апликацијата myAudi.
Уште една впечатлива карактеристика на ентериерот на Q9 е најголемиот панорамски покрив досега вграден во модел на Audi, кој доаѓа како стандардна опрема. Со стаклена површина поголема од 1,5 квадратни метри, тој може широко да се отвори или да се навали. Како опција се нудат променлива транспарентност на стаклото и, за првпат, осветлување на стаклениот покрив, чија боја се приспособува на персонализираното амбиентално осветлување.
Audi Q9 без компромис ја претставува највисоката класа. Со должина од 5,31 метри, ширина од 2,21 метар, висина од 1,81 метар и меѓуоскино растојание од 3,14 метри, тој е најголемиот Audi досега. Исправениот преден дел му дава на овој full-size SUV моќен став и препознатлив карактер. Двете линии на опрема – advanced, која е стандардна, и S line, која е достапна како опција – јасно се разликуваат. Линијата advanced нуди престижен изглед со вертикални елементи во Singleframe маската, додека S line внесува поизразен спортски карактер. Алуминиумските тркала со големина до 23 инчи дополнително го нагласуваат впечатливиот изглед на новиот Q9, а дизајнерските елементи како покривните носачи, нагласениот заден дел и исправената кабина ја истакнуваат практичноста и големите пропорции на SUV моделот.
Напредната светлосна технологија дополнително го засилува впечатливото присуство на Q9. Дигиталните OLED задни светла од трета генерација поставуваат нови стандарди во дизајнот, функционалноста и безбедноста. Надворешните дигитални OLED панели, кои се светска новина, благодарение на ултратенкото стакло се закривени во три димензии. Тоа не само што отвора нови можности за дизајн, овозможувајќи панелите природно да ја следат силуетата на возилото, туку и ја подобрува видливоста, бидејќи светлината може да се забележи од поширок агол. Втората иновација во светлосната технологија, која исто така придонесува за поголема безбедност во сообраќајот, се напредните покажувачи на правец. Ноќе, оваа функција проектира стилизиран симбол на трепкачот на подлогата, синхронизиран со динамичките покажувачи на правец напред и назад, со што се обезбедува подобра видливост за останатите учесници во сообраќајот. Digital Matrix LED предните светла со micro-LED модул обезбедуваат голем досег, прецизно осветлување и висок контраст, а нивните проширени функции за насочување на светлината дополнително придонесуваат за безбедноста при возење.
Q9 ќе биде достапен со трилитарски V6 дизел мотор кој развива 220 kW (299 КС) и 630 Nm вртежен момент. На одредени европски пазари Audi ќе понуди и варијанта со 180 kW (245 КС) и 500 Nm. Трилитарскиот V6 дизел мотор со технологијата MHEV plus користи електрично придвижуван компресор за моментален одзив на педалата за гас. MHEV plus технологијата, која вклучува генератор од новата генерација, му обезбедува на погонскиот систем дополнителни 18 kW (24 КС). Благодарение на тоа, моторот нуди моќни забрзувања и висока ефикасност при возење. Q9 стандардно е опремен со осумстепен tiptronic автоматски менувач со брзо менување на степените на пренос и постојан quattro погон на сите тркала.
ПР