Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната ќе достигне од 32 до 39 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени, јавува УХМР.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено високи температури се очекуваат од среда, кога на места дневната температура ќе надмине 40 степени.