Де Зерби: Тотенхем ќе активира уште една трансфер „бомба“ до крајот на преодниот рок


depositphotos_699518816_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Менаџерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, го најави доаѓањето на ново напаѓачко решение, кое го нарече „бомба“ и рече дека работата на клубот во летниот преоден рок е завршена само 60 проценти.


Во овој период, клубот веќе двапати го сруши сопствениот рекорд за износот на трансфери и досега инвестираше 267 милиони евра во тројца нови фудбалери.

Трансферите на Тотенхем во актуелниот преоден рок:

Сандро Тонали (108 милиони евра)
Матеус Фернандеш (99 милиони евра)
Јан Пол ван Хеке (61 милион евра)
Енди Робертсон (слободен агент)
Маркос Сенези (слободен агент)
Мартин Дубравка (слободен агент)

Клубот одлучи да троши многу откако заврши на 17-то место во Премиер лигата две сезони по ред.

Де Зерби сака дополнително да го зајакне нападот пред почетокот на новата сезона. „Дејли мејл“ наведува дека „бомбата“ на која се осврнува италијанскиот тренер веројатно не се однесува на Савињо, крилниот напаѓач на Манчестер Сити, кого Спарс исто така се обидуваат да го потпишат, а чија цена изнесува 70 милиони евра.

„Преодниот период сигурно не е завршен, завршивме 60 проценти од нашиот план на пазарот. Сега подготвуваме уште една бомба“, рече Де Зерби, а на прашањето дали договорот е блиску до реализација, тој одговори: „Се надевам, но дефинитивно сè уште не е завршено“.

„Сакаме напаѓачи, а потоа ќе ги одредиме позициите. Инаку, не сакам да работам со планови А, Б или Ц. Постои само план А. Играчите не се исти, не постојат двајца идентични фудбалери“, додаде италијанскиот тренер.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK