Медиуми: За САД е побезбедно да произведуваат ракети „Патриот“ во Полска отколку во Украина


raketa-proektil-Depositphotos_750392838_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Американски Држави веруваат дека е побезбедно ракетите за американските системи за воздушна одбрана „Патриот“ што ги користи Украина да се произведуваат во Полска отколку во Украина, изјави денес за руските медиуми неименуван извор запознаен со ова прашање.


„Се чини дека Вашингтон ги уништи амбициите на Зеленски да го локализира производството на системот „Патриот“ во Украина со тоа што се одлучи за производство во Полска“, изјави неименуван извор за РИА „Новости“.

Според овој извор, Зеленски сега сака да разговара за ова прашање со полскиот премиер Доналд Туск бидејќи производството на ракети PAC-3 за системите за воздушна одбрана „Патриот“ ќе започне во Полска „во рамките на форматот САД-Полска-Украина“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK