СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(52) од с.Камењане, општина Боговиње.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“.
Имено пријавениот измамил едно лице за сума од 5.150 евра, ветувајќи му дека ќе посредува за остварување на право на туѓа нега за неговата сопруга, како и за обезбедување социјален стан.