СДСМ бара повлекување на криминалниот закон за Скопје2028 – ова е легализација на корупција, изјави Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка од СДСМ.
„Пред нас имаме Предлог на законот за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, по скратена постапка. Денес на 29 јули 2026 година на крајот на работниот месец и пред почетокот на годишниот одмор на Собранието или фаќање на последниот воз пред да се загуби титулата ЕПК 2028 година. Законот којшто денес беше поставен на предлог дневниот ред, од предлог дневниот ред беше повлечен, но законот сепак останува во собраниска процедура, што значи дека на некоја нова седница тој повторно ќе се најде. Отткако е добиена ова титула во септември 2023 година и отткако беше воспоставен начинот на функционирање, управување и обајавување на повици, со доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт во 2024 година целиот процес застана. Зошто? Најверојатно овој предлог закон се смислуваше 2 години. Слично толку време се смислуваше и Скопје 2014“, рече таа.
Според неа, престижната титула ЕПК Скоје 2028 за ВМРО ОКГ станала нов начин на перење пари.
„Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола. Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер. Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028““, рече Костадиновска Стојчевска.
Според неа, со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци.
„Само тендери и лапање пари – тоа е единствената цел на оваа организирана криминална група. СДСМ и колацијата бара итно повлекување на овој криминален закон кој значи легализација на корупција. Никој нема право да биде над Законот за јавните набавки, особено кога станува збор за десетици милиони евра пари на граѓаните. Најтажен момент во цел овој процес е што уметниците, кои го донесоа признанието „Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“, не се ниту препознаени, ниту спомнати, ниту вистински вклучени во Предлог-законот и останаа непрепознаени и неспомнати“, рече Костадиновска Стојчевска.