Докторка ги предупредува родителите: Ова е најопасната работа за децата на плажа


depositphotos_2146773_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Многу родители ќе поминуваат време со своите деца на плажа за време на летните одмори. Сепак, поминувањето време покрај море носи и одредени ризици, поради што една докторка од итна медицинска помош одлучи да ги предупреди родителите за она што таа го смета за најголема опасност за децата додека се на плажа.


Д-р Саманта Ридер е специјалист за итна медицинска помош која работи како докторка и често споделува едукативна содржина на социјалните медиуми. Како мајка на две мали деца, таа редовно им дава совети на своите следбеници за тоа како да се подготват за ситуации кои бараат брз одговор.

Во едно од нејзините неодамнешни видеа, таа покажа две деца како си играат во песокот на плажа. Во видеото, таа го постави прашањето: „Јас сум докторка во итна медицинска помош. Можете ли да погодите што е најопасното нешто во ова видео?“.

View this post on Instagram

A post shared by Dr. Sam Reeder | ER Doctor + Mom (@adventureswithdrmom)

Одговорот изненади многумина.

„Сите претпоставуваат дека е плимата. Но, најопасното нешто е мобилниот телефон со кој што снимам. Јас сум докторка во итна медицинска помош и знам дека давењето е тивко – без прскање, без викање, ништо како сцени од филмовите. Потребни се околу 20 секунди. Толку време е потребно за да се сними видео“, напиша таа.

Потоа им даде на родителите едноставен, но важен совет.

„Додека сте покрај вода, назначете едно лице кое ќе биде одговорно за надгледување на децата. На таа личност не ѝ е дозволено да користи мобилен телефон и мора постојано да ги следи децата. Менувајте се на секои 15 минути или во интервали што ви одговараат. Зачувајте го овој совет за вашето следно патување на плажа“, вели таа.

Нејзината објава собра повеќе од 7.000 лајкови и околу 2.000 коментари. Многу следбеници се обидоа да го погодат одговорот. Некои веруваа дека децата треба да носат уреди за пловење бидејќи брановите лесно можат да ги однесат, други предупредуваа за силата на морето, додека некои ја истакнаа бојата на облеката, која тешко се гледа во водата, или фактот дека децата немаат капи и крема за сончање.

Сепак, некои следбеници веднаш ја разбраа пораката на докторката.

„Мајката што снима веројатно повеќе внимание обрнува на мобилниот телефон отколку на своите деца“, напиша еден корисник.

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK