Стојаноски: Ребалансот на буџетот носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти


bojan-stojanoski-29.07.2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ребалансот на буџетот за 2026 носи повеќе средства за капитални инвестиции и развојни проекти, изјави Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.


Тој вели дека ребалансот на буџетот не документ на паника и не е отстапување од економската политика, туку е навремено приспособување на буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството.

„Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат 379,5 милијарди денари. Вкупните расходи се зголемуваат за 11,6 милијарди денари, или 2,8 проценти. Да, дефицитот се зголемува и изнесува 4,1 процент од БДП. Но клучно прашање не е само колкав е дефицитот, туку за што се користи дополнителниот фискален простор. Одговорот е многу јасен. Капиталните расходи се зголемуваат за 5 милијарди и 814 милиони денари, односно за 14,5 проценти. Развојните потпрограми растат за 4 милијарди и 215 милиони денари и достигнуваат повеќе од 41 милијарда денари. Тоа се средства за патишта, железница, водоводи, канализации, училишта, здравствени објекти, животна средина и локална инфраструктура. Тоа се инвестиции што создаваат работа денес, а вредност за граѓаните во годините што следуваат“, рече Стојаноски.

Истовремено, додаде тој, приходната страна не се гради врз нереални очекувања и вели дека приходите растат систематски, системски, пресметано и создаваат поголема вредност во економијата.

„Се крати таму каде што нема доволен приоритет, а се зголемува таму каде што има економски, развоен и општествен ефект. Затоа, кога опозицијата ќе зборува само за една бројка, ние ќе зборуваме за целата слика. Ќе зборуваме за структурата на расходите, за проектите и за придобивките кои што треба да ги почувствуваат граѓаните. Овој Ребаланс треба да се оценува не само според тоа колку средства се планираат, туку според тоа што ќе се изгради и што ќе се подобри со нив. Тоа е разликата помеѓу непродуктивна потрошувачка и развојна политика“, рече Стојаноски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK