Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB), телото одговорно за Правилата на играта, издаде појаснување во врска со употребата на ВАР технологијата за време на Светското првенство во 2026 година, отворајќи нова дебата за една од најконтроверзните судиски одлуки на турнирот.
Во објаснувањето објавено од IFAB се наведува дека ВАР може да се користи во случаи на погрешна идентификација на играч со жолт картон, но не и за преиспитување или поништување на самата дисциплинска одлука.
„Жолт картон, кој не е втор жолт картон, може да се преиспита единствено со цел да се утврди идентитетот на играчот кој е казнет. Самиот прекршок не може да биде предмет на преиспитување или промена“, објасни IFAB.
Ова толкување ја доведе во прашање одлуката донесена во четвртфиналниот натпревар помеѓу Аргентина и Швајцарија, кој заврши со победа од 3-1 за Аргентина.
Во тој натпревар, судијата прво му покажа жолт картон на Леандро Паредес за прекршок врз Брил Емболо. По интервенцијата на ВАР, беше заклучено дека имало погрешна идентификација и картонот на Паредес беше поништен. Во исто време, Емболо доби жолт картон за симулирање, што беше негов втор жолт картон во натпреварот и беше автоматски исклучен.
Сепак, според новото појаснување на IFAB, таквата одлука не беше во согласност со правилата. ВАР можеше да дејствува само ако играчот што доби жолт картон бил погрешно идентификуван, но нема моќ да ја промени причината за казната или да ја замени првичната дисциплинска одлука со нова.
Со други зборови, според толкувањето на IFAB, Емболо не требаше да биде исклучен бидејќи во тој случај имаше неправилна примена на ВАР протоколот.
Таа одлука директно влијаеше на резултатот од четвртфиналето на Светското првенство, бидејќи „гаучосите“ ја искористија предноста и со играч повеќе. Преку продолженијата се пласираа во полуфиналето на Светското првенство.
Foto/ EPA