Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови хуманоидни роботи произведени во странство, оценувајќи дека тие претставуваат „неприфатлив ризик“ за националната безбедност на САД, објави „Би-би-си“.
Мерката се однесува на напредни роботи, вклучувајќи хуманоидни и четириножни модели, од кои голем дел се произведуваат во Кина.
Истовремено, американската Федерална комисија за комуникации (FCC) забрани и увоз на нови странски енергетски конвертори што се користат во дата-центри и соларни системи, со образложение дека можат да бидат искористени за кражба на податоци, далечинско преземање контрола или кибернапади.
Одлуката не се однесува на уреди кои претходно добиле одобрение од FCC.
Кинеската амбасада во Вашингтон ги отфрли американските тврдења како неосновани и соопшти дека Пекинг ќе преземе неопходни мерки за заштита на своите интереси.