Сали: Турција беше и останува сигурен партнер на нашиот европски пат


2-8.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на отворањето на Програмата за обука за управување со проектен циклус во рамките на иницијативата IPABRIDGE, која се одржува во Скопје од 28 до 31 јули 2026 година.


Во своето обраќање, Сали изрази благодарност до Владата на Република Турција, Директоратот за прашања на Европската Унија и турските партнери за континуираната поддршка, искрената соработка и подготвеноста да споделат експертиза и практично искуство.

„Турција беше и останува сигурен партнер на нашиот европски пат. Нејзината поддршка во јакнењето на административните и институционалните капацитети е од особено значење за подготовката на нашата земја за обврските што произлегуваат од идното членство во Европската Унија“, истакна Сали.

Програмата за обука опфаќа значајни теми како управување со проектен циклус, финансиската рамка ИПА III, анализа на засегнатите страни, логичка рамка, буџетирање, мониторинг и известување. Целта е да се зајакнат знаењата и практичните вештини на администрацијата за поквалитетна подготовка и спроведување на проекти финансирани од Европската Унија.

Сали нагласи дека соработката со Турција ќе продолжи и во иднина и дополнително ќе се проширува преку заеднички активности, размена на експертиза и иницијативи за јакнење на институционалните капацитети.

„Очекуваме ова партнерство и понатаму да се развива и да носи конкретни резултати за нашите институции и за граѓаните“, заклучи министерот Сали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK