Кривични пријави за узурпација на државно земјиште и бесправно градење во Дебар и Кичево


policija-park-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе две кривични пријави против физички лица и еден правен субјект поради сомнение за узурпација на државно земјиште и бесправно градење во Дебарско и Кичево.


Според Министерството за внатрешни работи, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.А. (42) од селото Џепиште, кој во текот на мај годинава на државна катастарска парцела без одобрение од надлежен орган поставил бетонска подлога и ја оградил со метални шипки, спротивно на Законот за градење.

Во вториот случај, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Е.Џ. (53) од селото Зајас и против неговиот правен субјект со седиште во Кичево. Според пријавата, на државна катастарска парцела во Кичево без потребното одобрение неовластено изградиле деловен објект, со што се сомничат за кривичните дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK