Шасивари и Османи: Законот за употреба на јазиците мора доследно да се спроведува во сите институции


shasivari-i-granit.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Јетон Шасивари имаше работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците.


Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите.

Министерот Шасивари ја потврди определбата на Министерството за правда за јакнење на институционалните механизми што обезбедуваат почитување на законските одредби и гарантирање на јазичните права на граѓаните.

Директорот Османи посочи дека  Агенцијата за примена на јазикот обезбедува стручна и практична поддршка на државните институции во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, преку насоки, препораки и експертска помош. Агенцијата се грижи за унапредување на службената употреба на албанскиот јазик, кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, како право загарантирано со закон.

Во периодот кој следува ќе се  продлабочи институционалната соработка, координацијата и заедничките активности што ќе придонесат за поефикасна и доследна примена на Законот за употреба на јазиците во сите државни институции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK