ВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор


vmro-dpmne-zgrada.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, велат од владејачката партија утрово преку соопштение.


„Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се трите системски закони, претставува најзначаен резултат од реформскиот процес.

Со овие законски решенија се воспоставува современа и стабилна рамка за поефикасно функционирање на јавната администрација, заснована на професионалност, отчетност, стручност и квалитетни услуги за граѓаните.

Владата посветено работи и на унапредување на статусот и условите за работа на административните службеници, при што во партнерство и конструктивен дијалог со синдикатите, преку колективните договори, се постигна историски договор за континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година.

Овие преземени мерки претставува силна потврда дека реформите не се само нормативни промени, туку конкретни политики кои директно придонесуваат за подобрување на стандардот, мотивацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна определба, јавната администрација да не биде бирократска пречка, туку ефикасен, транспарентен и достапен сервис за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на спроведување на реформите кои обезбедуваат стабилен, функционален и европски ориентиран јавен сектор, во интерес на сите граѓани и на развојот на државата“, се вели во партиското соопштение.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK