ДУИ: Град Скопје да го отстрани незаконскиот билборд и да ја почитува двојазичноста


dui.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик.


„И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик од официјален билборд не претставува само прекршување на законот, туку и постапка што создава чувство на исклученост и предизвикува непотребни меѓуетнички тензии. ДУИ нема да дозволи почитувањето на албанскиот јазик да зависи од политичката волја на еден поединец. Поради тоа, ќе поведеме правна постапка пред надлежните институции за утврдување и санкционирање на ова прекршување. Сепак, почитувајќи ја реакцијата на граѓаните и потребата од зачувување на соживотот, уште еднаш го повикуваме градоначалникот на Скопје да постапи одговорно, да го почитува законот и да не создава поделби, омраза и меѓуетнички тензии во главниот град. Скопје им припаѓа на сите негови граѓани. Албанскиот јазик не е привилегија ниту декорација, туку право загарантирано со закон. Незаконскиот билборд мора веднаш да биде отстранет“, велат од ДУИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK