14-годишно дете во Охрид се опијанило и паднало во несвест, кривична пријава за споственикот на локалот


depositphotos_47323215_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава за локал во Охрид затоа што на 14-годишно дете му бил послужен алкохол. Според информациите на МВР, по послужувањето на алкохолот, на малолетникот му се слошило и паднал во несвест.


СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“.

При контрола во објектот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 – годишен малолетник од Охрид му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде побаран документ за идентификација и утврдување на возраста. По консумирањето на алкохолот, малолетникот паднал во бессознание, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK